Кошничката е празна.
Кошничката е празна.
Дали сте подготвени за вистинско гурманско доживување кое ги спојува традицијата и модерната кујна? Ова јадење од бавно динстани говедски образи, кремасто рижото и свежа салата ќе ти пружи вкус кој освојува од првиот залак. Дознај ја приказната и тајните зад оваа епизода!
Во премиерата на 4Сезони, проф. Дејан Христовски спојува класична техника со иновативен пристап. Главните јунаци се говедските образи, кои се динстаат полека во црвено вино додека се комбинираат со кремасто ризото од пармезан и освежувачка салата од коморач и портокал. Совршено балансиран вкус кој ќе ве однесе на незаборавно гурманско патување.
(6 Порции)
Образите се посолуваат и се наросуваат со свежо мелен црн бибер.Се набрашнуваат нежно. Во длабока тава или гусен сад се загрева маслиново масло и месото се запржува на силна температура додека да добие златна коричка. Тоа е првиот чекор за богата арома.
Месото го вадиме од тавата.Во истиод сад додадете крупно сечкани кромид, моркови. Листови од целер и лук, кои се карамелизираат кратко. Се деглазира со црвено вин за да излезе вкусот и се остава да испари алкохолот. Се додава говедски фонд, ловоров лист, бибер во зрно и свеж мајчин лист и месото. Се покрива и се остава да се динста на тивко, во рерна или на шпорет, најмалку 4 часа. Месото за тоа време станува свиленкасто и се распаѓа на влакна.
Ризотото се подготвува класично: во тава се растопува малку путер, потоа се додава оризот „Арборио“ кој се пржи 1–2 минути. Се деглазира со бело вино, па постепено се додава жешкиот фонд, лажица по лажица, мешајќи постојано. По околу 18 минути, оризот е кремаст, но со малку цврсто јадро. На крај се додава путер и свежо рендан пармезан.
За време на снимањето, мораше да се започне рижотото трипати поради префинетата техника на шеф Мауро и прецизната синхронизација со камерите. Салатата беше подготвувана со свеж коморач од локалната пазарска тезга, а целата екипа уживаше во дегустацијата на финалното јадење непосредно после последниот кадар.
Говедските образи се деликатес од старите европски кујни – заборавено парче месо кое денес доживува ренесанса во модерната гастрономија. Со полн колаген, тие бараат време и трпение, но кога ќе се приготват правилно, се претвораат во нежно, кадифено месо што буквално се топи во уста. Во комбинација со ризото – едно од најпознатите италијански јадења – се добива хармонија: силата на месото и нежноста на кремавиот ориз.
Ако ти се допадна ова гурманско патување, разгледај ја и следната епизода со гостин-шеф Мауро ди Лео, или истражи уште рецепти и гурмански совети на нашиот блог и во нашата специјализирана продавница.